Кошарка Спорт

Последни во групата, но први чекори кон иднината на мак-баскетот

Македонската кошаркарска репрезентација ги заврши претквалификациите за Светското првенство 2027 со победа над Унгарија (82-75) во Скопје. Иако триумфот не го промени фактот дека „црвено-жолтите“ завршија последни во групата, тој може да биде добра основа за иднината на подмладениот состав.

Новиот селектор Марјан Илиевски уште од назначувањето беше свесен дека нема да може да смета на најдобрите кошаркари – меѓу отсутните беа браќата Војдан и Дамјан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски. Наместо тоа, тој одлучи да изгради нова генерација со играчи кои ретко добиваат голема минутажа во своите клубови.

Поддржани од поискусните Адем Мекиќ, Андреј Магдевски и натурализираниот Американец Ноа Вајли, младите репрезентативци на домашен терен покажаа борбеност и карактер. Македонија можеби може да жали што не ја совлада Романија во Куманово, но победата над Унгарија покажа дека има потенцијал за иднина.

„Апелирам до клубовите да сметаат на овие играчи, бидејќи токму тие треба да бидат носители на репрезентацијата во претстојните квалификации. Тоа е единствениот пат кон успех на националниот тим“, изјави селекторот Илиевски по натпреварот.

Ако младите добијат поголема доверба во домашното првенство и во иднина се приклучат Димитријевиќ и Јакимовски, Македонија би можела повторно да игра значајна улога во европските квалификации и да се врати на големата сцена.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе