Милан ја заврши потрагата по нов голгетер откако се договори со Баер Леверкузен да го позајми Виктор Бонифејс.
Нигерискиот напаѓач ќе се пресели на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица со можност „росонерите“ да го откупат неговиот договор следното лето за 30 милиони евра, но клаузулата не е задолжителна.
Италијанскиот тим летово постојано беше во контакт со Душан Влаховиќ од Јувентус, а во последните две недели беше поврзуван и со Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед, но на крајот Бонифејс ќе го обелече „црвено-црниот“ дрес.
Изминатите две сезони Бонифејс одигра 61 натпревар за Леверкузен во сите конкуренции и постигна 32 погодоци.
