Вести Македонија Топ вести

Кешбек империјата „МајВорлд“ во стечај, „Лајконет“ виси!

Австриската компанија „МајВорлд Интернешeнeл“, сопственик на кешбек платформата „МајВорлд“ и наследник на „Лајонес“, е пред колапс и банкрот и е во стечај. Со ова повторно во неизвесност се става и постоењето и функционирањето на македонската компанија со илјадници членови „Лајконет“ која како единствен клиент го има токmу „МајВорлд“.

Зоран Витанов, помал акционер во „Мај Ворлд“, која е сопственик и на „Лајконет Австрија“, ја потврди информацијата за стечајот, но за сите дополнителни информации околу моменталната состојба упати на Витошевиќ како единствен одговорен за изјави. Тој денеска не одговори на нашите повици.

Според Витанов, станува збор за активен стечај, бидејќи сè уште во „МајВорлд“ стигнуваат приливи на средства од кешбек, но не може да се тврди дали тоа ќе биде доволно или не. Витанов вели дека членовите на „Лајконет“ во Македонија може да ги користат бенефициите, односно кешбекот и купените попусти.

„Лајконет е маркетинг агенција чиј единствен клиент е „МајВорлд“ и има ексклузивно право да  рекламира над 400.000 фирми низ светот. Сакам да нагласам дека кешбекот за членовите сè уште функционира. Околу стечајната постапка, не сум лицето кое треба да го барате, jас сум само дистрибутер и корисник на нивните услуги, како и сите членови на „Лајконет“. Станува збор за активен стечај, бидејќи сè уште има приливи од поврат на средства. Дали тоа ќе биде доволно за ликвидност, не знам“, изјави Зоран Витанов од „Лајконет“.

Телма дознава дека дел од членовите на „Лајконет“ во Македонија најавуваат дека ќе бараат правна заштита за нивните средства вложени во оваа платформа. Во последните три години фирмата „МајВорлд Македонија“ остварила добивка од 266.000 евра.

Сопственик на „МајВорлд“ и „Лајконет Австрија“ е Австриецот Хуберт Фрајдл, чие богатство се проценува на половина милијарда евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Во Тетово некои улици осветлени и дење, други со денови во темнина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе