Фудбалерите на Вардар во првиот натпревар од второто квалификациско коло од Конференциската лига ја совлада Лозана со 2:1.
“Црвено-црните” одиграа извонреден натпревар против фаворизираниот гостин од Швајцарија во кој сосема заслужено стигнаа до нов триумф.
Првиот гол за Вардар беше дело на Мато, кој во листата на стрелците се запиша во третата минута од судиското надополнување во првиот дел. Во 59-тата минута Дијаките израмни на 1:1, а победата на домашниот тим му ја донесе Азер Омерагиќ во 78. минута.
ФОТО: Игор Паневски





























