Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата наскоро ќе објави конкретни мерки за заштита на граѓаните од растот на цените.
„Ние сме сите на иста страна – и граѓаните и Владата. Многу скоро ќе излеземе со мерки кои ќе ги штитат интересите на граѓаните“, изјави Мицкоски, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана.
Информираше и дека Владата денеска ќе расправа за предлог-закон за линеарно зголемување на пензиите, а изрази очекување дека законот ќе биде усвоен пред распишувањето на изборите.
