Вести Економија Македонија Топ вести

Сопруг на директорка и заменик претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вработени во МНАВ- реакција на Синдикатот кој бара поништување поради нетранспарентност и непотребни вработувања

Синдикатот бара поништување на огласот за вработување во МНАВ поради прекршување на одредби од колективниот договор.

Според информациите на Телма член на надзорниот одбор на М-НАВ, кој треба да ги контролира директорите на компанијата, бил дел од комисијата што одлучувала за вработувањата на повторениот оглас. На овој оглас, меѓу примените се, Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ (осуден за упадот во Собранието на 27 април), Атанас Стамнов, сопруг на директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова, и Филип Ѓорѓиев, потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот квартал од 2025 МНАВ е во минус од околу 900 илјади евра.

Синдикатот на контролори на летање реагира процесот на вработувања е нетранспарентен и спротивен на законот, повторениот оглас, според нив не требало ни да се случи.

Синдикалците, за разлика од претходниот оглас, не добиле дозвола ниту да присуствуваат на процесот на избор, иако тоа претходно било договорено за да се спречи најавениот штрајк. Штрајкот беше одложен откако Владата вети исполнување на синдикалните барања, стопирање на партиски вработувања, а објавување на конкурси за контролори на летање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе