Економија Македонија Топ вести

До крајот на годината нов тендер за третата делница од пругата кон Бугарија

На заедничка средба во Брисел, македонската и бугарската делегација се договорија до крајот на 2025 година да биде распишан нов тендер за изградба на железничката делница Крива Паланка – влез во прекуграничниот тунел кон Бугарија, како дел од завршувањето на источниот дел од железничкиот Коридор 8… Во фокусот на разговорите бил и заедничкиот проект за изградба на тунелот Ѓуешево – Деве Баир… Двете страни ќе формираат работни групи кои до крајот на јули ќе го финализираат текстот на меѓувладиниот договор, кој треба да биде потпишан наесен, со цел градежните активности да започнат на почетокот на 2026 година… Европската инвестициска банка изразила подготвеност да се вклучи во процесот, а е договорено и заедничко аплицирање за финансии од ЕУ и други партнери… Проектот е дел од Европскиот транспортен коридор Западен Балкан – Источен Медитеран…

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе