Вести Економија Топ вести

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозје според шеќерни единици, редовни инспекции кај откупувачи за да нема манипулации при откупот на грозје за претстојниот гроздобер,  субвенции за модернизирање со цел намалување на трошоците за производство, ова попладнево го соопшти претседателот Јован Златевски.

– По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на другите  земјоделски производи годинава се многу повисоки од претходно. Но и цените за трошоци за производство на грозје се многу повисоки. Цената на грозјето е за неполн денар повисока од минатата година. Или, 18.9 денари за ,,смедеревка” и 21.3 за ,,вранец”. Затоа бараме плаќање на грозјето според шеќерни единици и почитување на шеќерноста при откупот, за да нема манипулации, инспектори да има на терен, информираше Златевски за МИА. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе