Вести Економија Топ вести

Не издавале фискални, апаратот не им работел- УЈП утврди неправилности кај една третина од контролираните трговци

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), во текот на месец јуни и првата половина од месец јули 2025 година спроведе вкупно 883 теренски контроли кај даночни обврзници низ територијата на цела Македонија. Во споменатиот период, од вкупниот број на контролирани даночни обврзници, утврдени се неправилности кај 294 субјекти за кои се издадени налози за глоби, и тоа:

  • 212 глоби за неиздавање фискални сметки;
  • 49 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи;
  • 20 глоби за фискални сметки без пропишани елементи;
  • 8 глоби за нерегистрирана резервна фискална апаратура;
  • 2 глоби за неисправен фискален апарат;
  • 1 глоба за неиздавање парагон-блок;
  • 1 глоба за некористење одобрен фискален апарат;
  • 1 глоба за неводење итна сметководствена книга

Како што соопштуваат од УЈП контролите беле насочени кон трговци, угостители низ целата држава и кај субјекти кои вршат дејност во туристички места и локации со зголемена фреквенција на посетители, како што се угостителски објекти, аква – паркови, плажи, базени и објекти за изнајмување спортско-рекреативна опрема.

Управата за јавни приходи потсетува на обврската за почитување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), согласно кој:

  • Секој остварен промет мора да биде регистриран преку одобрен фискален уред;
  • Задолжително користење на одобрен фискален апарат во доволен број;
  • За секоја продажба да се издава фискална сметка;
  • Во книгата на дневни финансиски извештаи да се евидентира остварениот промет за секоја фискална каса навремено;
  • Најдоцна наредниот ден да се уплати дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет;
  • На видно место да има истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка

Овие обврски важат за сите субјекти – вклучително и за оние кои не се обврзници за ДДВ, како и за субјектите кои вршат сезонска дејност. Целта на овие мерки е зајакнување на даночната усогласеност, создавање на фер и транспарентно деловно опкружување и обезбедување еднаков третман на сите даночни обврзници, соопштуваат од УЈП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе