Вести Економија Топ вести

Вработените во АЕК, регулаторна и други независни тела, стануваат административци, платите ќе им стагнираат

Вработените во агенциите и регулаторните тела како административци. Со новите измени во законот за административни службеници, овие независни институции влегуваат под иста капа со министерствата. Па, така од сега во АЕК, Регулаторната комисија за енергетика, за домување, Комисија за хартии од вредност и други на некој начин повеќе нема да можат самостојно да одлучуваат за одредени работи. Но, со оглед на тоа дека овие вработени се со повисоки примања од другите административци, деновиве се постави дилемата што ќе се случува со нивните плати и функционалноста. Министерот  Минчев уверува – нема да има кратење, тие ќе стагнираат.

  • Се работи за регулаторни тела и за неколку служби на одредени институции само за себе велат дека се самостојни се работи за бројка од околу 1500 вработени што зимаат од 40 до 60 отсто повеќе плата од другите 115 илјади во јавниот сектор а во регулаторните тела имаме ситуација каде одредени вработени кои обавуваат иста дејност сметководство во една и друга институција каде некои вработени зимаат и од 80 до 100 проценти повисока плата од останатите. Платите нема да се намалат целта е да се сопре процесот на самостојно покачување на платите се со цел овие кои зимаат повеќе да запре , а оние кои што имаат помали за кои морам а кажам дека имаат скромни плати да успееме тие средства да ги пренасочиме кон нив, вели министерот за администрација Горан Минчев.

На ова, реагираа од независните тела и агенциите. Во дописот до кој дојде Телма, кој е адресиран до претседателот на Собранието Гаши, а на кој се потпишани од овие институции, стои дека со измените се прави упад во нивната независност и самостојност. Бараат да се променат законските решенија.

Вчера, од синдикатот УПОЗ напоменаа дека пред распишување на локалните избори има  730 објавени огласи за обработка нешто што никогаш во историјата не се случило. Мичнев пак тврди дека станува збор за процес кои трае шест  месеци, а не само сега и дека ќе се пополнуваат празни места.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе