Спорт Фудбал

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Манчестер јунајтед денеска го промовираше најновото засилување на тимот, Диего Леон. Се работи за 18-годишен Парагваец, кој игра на левата бековска позиција.

Неговиот трансфер беше договорен уште пред неколку месеци, но денеска официјално преминува на „Олд Трафорд“. Јунајтед ќе плати само четири милиони евра обештетување за младиот дефанзивец, кој доаѓа од Серо Портењо од неговиот роден Парагвај.

Леон официјално е вториот летен трансфер за менаџерот Рубен Аморим по Матуш Куња од Вулверхемтпон за кој клубот плати 74 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе