Вести Економија Топ вести

Божиновскa: Не сме се откажале од проектот Вардарска долина

Не сме се откажале од Вардарска долина, одговори денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10.

„Не сме се откажале од ништо што носи бенефит за Македонија“, изјави Божиновска.

Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика.

Донесен е 10-годишен план за развој на преносната мрежа, воведена е методологија за енергетска сиромаштија, обезбедена е забрана за исклучување на струја во зимските месеци за ранливите домаќинства. Исто така, лани 7.000 семејства добиле ваучери за инвертер клима уреди, а годинава ќе бидат обезбедени 60 милиони денари за поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства.

Од Министерството најавуваат дека до крајот на годинава ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство.

Во првиот квартал од годинава се наплатени 247 милиони денари за експлоатација на минерални суровини, двојно повеќе од лани.

Една година по основањето Министерството има 109 вработени, 53 жени и 56 мажи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Оставка!“ „Ова не е Москва!“ протести во Софија против владата на Румен Радев

Дејан Дејан

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе