Ракомет Спорт

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Младинската ракометна репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз на Светското првенство во Полска и остана без шанси за пласман во главната фаза. Нашите надежи денеска беа поразени од Романија со минимални 27-28 и тоа откако прокоцкаа одлични +5 на полувремето.

Македонија одигра едно одлично прво полувреме, па веќе по десет минути игра ја анулираше почетната предност на Романците. На полувремето водевме со 17-12. Предноста на нашиот тим почна да се топи кон средината на вториот дел, а последната комотна предност ја имавме со 23-19.  Романците ја променија тактиката и применија игра  „седум на шест“ во нападот. Нашата реализација затаи, а имавме и неколку технички грешки па Романците израмнија на 24-24. На три и пол минути до крајот дури и поведоа со 25-26. Во финишот игравме брзоплети со неколку нереализирани напади, а романскиот голман имаше три одлични одбрани за да ѝ донесе победа на својата репрезентација од 27-28.

Димитар Узунчев со седум голови беше најефикасен во нашиот табор, Мирче Калајџиески имаше пет, додека Валентин Карасманакис реализираше четири пати во противничката мрежа.

Македонија во последното трето коло од групата Ф во сабота ќе игра со Исланд, кој денеска ремизираше со Фарски Острови 35-35. Турнирот нема да заврши тука за нашите надежи, бидејќи ќе играме во Президент купот за што подобар пласман на турнирот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе