Ракомет Спорт

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација по вчерашната убедлива победа против Литванија со 26-17  во последното коло од квалификациите го осигура пласманот на Европското првенство во 2026 година што ќе се одржи идниот јануари во Шведска, Норвешка и Данска.

За нашите ракометари ова е осмо Европско првенство по ред, а вкупно деветто во историјата со што ја продолживме неверојатната низа на учества на 15 големи турнири во низа тука вклучувајќи и Светските првенства.

Македонија своите ривали на континенталниот турнир во Скандинавија ќе ги дознае веќе во четврток (15-ти мај) од 19 часот за кога е закажана ждрепката во Хернинг, Данска. Очекувано нашите ракометари се најдоа во третиот квалитативен барабан заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска, што значи дека овие репрезентации не можат да бидат нашите ривали на турнирот, барен во првата групна фаза.

Во првиот барабан се најдоа најквалитетните селекции како Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија и Словенија. Во вториот се Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија и Фарски Острови. Во најслабиот четврти барабан се репрезентациите на Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина и Италија.

За време на ждрепката репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи со по четири тимови. Шест земји веќе се распоредени, па така Германија е игра во групата А во Хернинг, ко-домаќиот Данска ќе игра во групата Б во истиот град, а Шведска е во групата Е во Малме. Норвешка е во групата Ц во Осло, а во норвешкиот главен град ќе игра и Фарски Острови во групата Д, додека Исланд е во групата Ф во Кристианстад.

Фото: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе