Вести Македонија

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР. Еве ја анализата за сообраќајните несреќи во последните три години.

Ни шокот од трагедиите, ни засилените контроли не биле доволни за да ги освестат возачите.

МВР постојано бележи раст на несреќите.  За само три години, од 2022-та до 2025-тата година настрадале повеќе од 2 илјади. Во просек по 800 пешаци годишно. Животот го загубиле 83 пешаци.

Најголема е смртноста  кај постари од 65 години. Повредените главно се малолетници.

Минатата година 853 пешаци учествувале во сообраќајни несреќи. 214 се здобиле со тешки телесни повреди. Во смрт биле однесени 24 пешаци.

Во Скопје, во три години, загинале 39 пешаци. Најмногу во 2023 година.

Највисоката казна за прегазен пешак во државата е 18 години. Апелација ја намалува на 10.

Една од најниските е 2 и пол години за загубениот живот на Теодора Ристовска во Тетово.

Смрта на Фросина Кулакова кој беше прегазена на партизанаска ја прели чашата. Граѓаните преку протести бараа правда, нејзините родители доживотна казна.

А по сето ова се отвори прашањето… Дали има потреба од промена на казнената политика?

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го гледаат како средство за коцкање – Талибанците забранија играње шах

Дејан Дејан

Социјалистичката партија на Еди Рама во убедливо водство на парламентарните избори во Албанија

Дејан Дејан

Забрзување на економскиот раст, дигитализација, вештачка интелигенција – почнува самитот „Македонија 2025“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе