Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер во летниот преоден рок сака да ја промени средината со цел да добие поголема минутажа.
Конкуренцијата е огромна во редовите на „кралевите“, па младиот турски репрезентативец планира да замине на позајмица. Милан е најзаинтересиран да го доведе Ѓулер во своите редови и италијанскиот клуб може да ја искористи добитната формула како во случајот со Брахим Дијаз.
Шпанецот мина две сезони на позајмица во Милан и во Реал Мадрид се врати како нов играч. „Росонерите“ сакаа да го доведат Ѓулер уште кога тој играше за Фенербахче, но тогаш офанзвниот играч за врска се одлучи за Мадрид.