Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години ја совлада Словенија со 1:0 и успеа да се пласира во елитната група од квалификациите за Европското првенство.
Натпреварот беше решен уште во осмата минута кога Настасја Накова го постигна единствениот погодок.
Во нашата група претходно младите фудбалерки триумфираа на Молдавија со 5:0.
Фото: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.