Кошарка Спорт

Дончиќ се разигра, Лејкерс го декласираа Денвер (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го одигра најдобриот натпревар за Лејкерс по пристигнувањето од Далас, па тимот од Лос Анџелес го декласираше Денвер на гостински паркет. 

Лејкерс ја прекинаа победничката низа на Нагетс од девет натпревари и славеа со 100-123. Дончиќ беше лидер на гостите од Лос Анџелес со 32 поени, 10 скока и седум асистенции. Словенецот беше подржан од Леброн Џејмс со 25 поени, Остин Ривс имаше 23, а Руи Хачимура постигна 21 поен.
Кај Денвер, Арон Гордон беше најефикасен со 24 поени, додека Никола Јокиќ го заврши натпреварот со трипл-дабл со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции.
Интересно, ова беше прва победа на Лејкерс против Денвер уште од април 2022 година и имаа 13 порази на последните 14 меѓусебни пресметки. 

Чикаго на домашен паркет загуби од Феникс со 117-121, Бруклин се радуваше на гостувањето кај Филаделфија со 103-105, а Јута беше подобра од Хјустон со 124-115.

Портланд испиша нова клупска историја со најубедливата победа досега од 53 поени разлика против Шарлот, односно славеше со 141-88. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе