Спорт Фудбал

Нова битка на титаните во ЛШ: Манчестер сити го пречекува Реал Мадрид

Денеска стартува нокаут-фазата во фудбалската Лига на шампиони. Веднаш на програмата е големо дерби. Пресметката помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид е најатрактивната двојка во оваа фаза од натпреварување.

По новиот формат во елитата, Манчестер сити и Реал Мадрид изненадувачки не се најдоа помеѓу првите осум тимови на табелата, кои се квалификуваа директно во осминафиналето. Двете екипи имаа проблеми со формата во лигашкиот дел, а особено Сити, кој се провлече во плеј-офот во последното коло. Четврта сезона по ред Сити и Реал ќе играат меѓусебе во елиминациите.

„Кралевите“ два пати го елиминираа англискиот тим во 2024 во четвртфиналето и во 2022 во полуфиналето, додека составот на Пеп Гвардиола беше подобар во 2023 година во рамки на полуфиналето, кога и стигна до првата историска титула во елитата.

Вечерва на гостувањето на стадионот „Етихад“, тренерот на шпанскиот тим Карло Анчелоти има сериозни проблеми со одбраната. Не може да смета на дури пет играчи, двата десни бекови Дани Карвахал и Лукас Васкез, како и стоперите Антонио Ридигер, Дави Алаба и Едер Милитао. И тимот на Гвариола се мачеше со повреди цела сезона, но за вечерва шпанскиот стратег има далеку подобар избор на играчи, па секако нема да игра Родри, а под знак прашалник се Едерсон, Жереми Доку и Нејтан Аке.

ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
(ПЛЕЈ-ОФ)

(18:45 ЧАСОТ)
БРЕСТ – ПСЖ

(21 ЧАСОТ)
МАНЧЕСТЕР С. – РЕАЛ МАДРИД
ЈУВЕНТУС – ПСВ
СПОРТИНГ – БОРУСИЈА Д.

УТРЕ
БРИЖ – АТАЛАНТА
СЕЛТИК – БАЕРН МИНХЕН
ФЕЕНОРД – МИЛАН
МОНАКО – БЕНФИКА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Џорџ Форман, еден од најдобрите боксери на сите времиња

Дејан Дејан

Македонија сигурна против Лихтенштајн: Рутинска победа на гостински терен

Дејан Дејан

Милевски: Добро би било да почнеме со победа и да ја продолжиме добрата серија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе