Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, одби астрономска понуда од саудискиот гигант Ал Хилал, со која можеше да стане еден од најплатените фудбалери во историјата.
Бразилецот доби понуда од 160 милиони евра годишна плата, додека „кралевите“ ќе заработеа обештетување од 300 милиони евра. Саудискиот клуб го гледаше како идеална замена за Нејмар, кој неодамна го раскина договорот и се врати во Сантос.
Сепак, Родриго јасно стави до знаење дека не сака да го следи патот на својот сонародник, кој во 2017 година го оствари рекордниот трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.