Спорт Фудбал

Милан во хаос: Речиси сите летни засилувања заминуваат

Милан има очајна сезона во Серија А, па раководството на клубот во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ги поправи сопствените грешки. Откако му врачија отказ на Пауло Фонсека, кој издржа само половина сезона на клупата, сега на ред е реконструкција во играчкиот кадар.

Прв кој си заминува е Алваро Мората. Шпанскиот напаѓач, кој пристигна летово како замена за Оливие Жиру, е на пат кон Галатасарај. Тој ќе игра како позајмен играч во следните 18 месеци, со опција за откуп од осум милиони евра. Како негова замена се споменува Сантијаго Хименез од Феенорд за 35 милиони евра плус бонуси.

На излезна врата од „Сан Сиро“ се и Емерсон Ројал и Фикајо Томори. Тотнем веќе постигна договор за Англичанецот вреден 25 милиони евра плус бонуси. Капитенот Давиде Калабрија е пред трансфер во Болоња, а се очекува и заминување на Ноа Окафор.

Милан досега зимава се засили само со Кајл Вокер од Манчестер Сити, но клубот преговара и за Аксел Дисаси и Жоао Феликс од Челси, Самуеле Ричи од Торино и грузискиот дефанзивец Саба Гогличидзе од Емполи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Џорџ Форман, еден од најдобрите боксери на сите времиња

Дејан Дејан

Македонија сигурна против Лихтенштајн: Рутинска победа на гостински терен

Дејан Дејан

Милевски: Добро би било да почнеме со победа и да ја продолжиме добрата серија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе