Спорт Фудбал

Реис потпиша за Манчестер сити, следен е Мармуш

Манчестер сити го официјализираше второто зимско засилување, а тоа е младиот Бразилец Витор Реис.

Се работи за 19-годишен дефанзивец, кој доаѓа во Сити од таборот на Палмеирас за обештетување од 35 милиони евра. Реис потпиша 4,5-годишен договор со премиерлигашот.

Сити вчера го официјализираше трансферот на Абдукодир Хусанов од Ленс, кој исто така игра во одбраната, а наскоро клубот треба да го промовира и Омар Мармуш.

Египетскиот напаѓач веќе се прости од своите соиграни во Ајнтрахт Франкфурт и треба да биде промовиран во синиот дрес. Се очекува Сити да плати околу 80 милиони евра обештетување за Мармуш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе