Кошарка Спорт

Бостон го понижи Голден Стејт на гостински паркет со 40 разлика (ВИДЕО)

Бостон славеше со 85-125 на гостувањето кај Голден Стејт во рамки на НБА-лигата и им го нанесе на Вориорс најубедливиот пораз на домашен паркет во последните 40 години. Џејсон Тејтум постигна 22 поени, а Кристапс Порцингис 18 за победничкиот тим. Стеф Кари со 18 поени беше единствениот расположен кошаркар кај домашните.

Најдобриот тим во лигата Кливленд лесно го победи Феникс со 118-92. Донован Мичел ги предводеше Кавалирс со 33 поени, додека кај Санс најефикасен беше Кевин Дурент со 23 поени.

Далас загуби на гостувањето кај Шарлот со 110-105, Хјустон исто така загуби, но на домашен паркет од Торонто со 96-107. Мемфис беше подобар од Минесота со 108-106, Њујорк ја совлада Атланта со 119-110, а победи остварија и Њу Орлеанс против Јута со 123-119 и Чикаго на гостувањето во Лос Анџелес кај Клиперс со 99-112.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе