Ракомет Спорт

Лазаров: Да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот со Гвинеја

Македонската ракометна репрезентација утре ја очекува клучниот натпревар на Светското првенство. Мораме да ја победиме Гвинеја за пласман во главната фаза на турнирот.

„Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во  втор круг. 

Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар“, изјави селекторот Кирил Лазаров, кој денеска го откажа тренингот на репрезентацијата со цел да им даде малку време за одмор на играчите.

„Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство“, вели Ненад Костески.

„Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји. Краткото време ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“, додава репрезентативното крило.

Натпреварот помеѓу Македонија и Гвинеја се игра утре со почеток од 18 часот во Вараждин.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хименез го потврди трансферот во Милан преку социјалните мрежи (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус тргнува по Озимен: Влаховиќ си заминува

Дејан Дејан

МЗТ бара нова победа, Работнички на мегдан со „фенерџијата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе