Вести Македонија Топ вести

Висар Адеми во Вин-Вин: Уништувањето на ДУИ може да го направи само ДУИ

По дваесет години власт ДУИ изгледа како целосно дегенериран политички субјект.

ВМРО ДПМНЕ ги отпиша, СДСМ се дистанцира, Европскиот фронт се ситни. Кој е вистинскиот добитник во новата архитектура на политичките сили?

Во Вин-Вин со Оливера Трајковска дебатираат Ненад Марковиќ и Висар Адеми.

Марковиќ смета дека коалицијата ВЛЕН и ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи со „гмечење“ на ДУИ. Според него Мицкоски го подигна на пиедестал на приоритет да го елимира ДУИ после 20 години власт.

  • „Тука е делумно и онаа ситуација од 2016-2017, кога одлично им дојде фактот дека ДУИ го прекрши оној неформален мајски договор, којшто никогаш не стана пишан документ, победник со победник и со тоа си создаде простор да ги елиминира некако ДУИ, иако јас лично сметав дека мајскиот договор е неприроден, не затоа што би елиминирал албанска партија, туку затоа што најголемата македонска партија, ако се радикализира не може да ја елиминирате“, рече во вечерашната емилија Вин Вин, професорот на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Ненад Марковиќ.

Според него во секој случај, условно кажано, агендата на пропаѓање на ДУИ, Мицкоски ќе ја тера барем до локалните избори кадешто ќе има една реална проценка дали тоа понатаму е возможно или не, барем во првиот круг каде што ВМРО – ДПМНЕ нема да биде во можност да му помага на ВЛЕН со гласови.

  • „Јас сум еден од тие што мислат дека уништувањето на ДУИ може да го направи само ДУИ, бидејќи ДУИ не е реалната причина зашто ја смена СДСМ од политичката карта, затоа што тие тогаш немаа ни визија, ни програма, ни човечки, ни институционални капацитети за да можат да им понудат нешто на граѓаните за да можат да го прескокнат тој проблем со ДУИ.  А зошто е ДУИ проблематична партија, затоа што 20 години вие инвестирате во т.н. „институционални“ Албанци коишто се дел од овие политики и се дел од економскиот и општествениот живот во Македонија. И целата таа ситуација сега го отвора прашањето: Дали можат Албанците без ДУИ“, истакна во Вин Вин, економистот Висар Адеми.

Според него една работа која погрешно ја прави ВМРО – ДПМНЕ е дека кога сите ние мислиме дека ВМРО – ДПМНЕ со таа некоја економска политика ќе ја заборавиме ДУИ, која е конфорна во етничките програми, тоа враќање во антиалбанство и тие политики со кои им покажуваат на Албанците каде им е местото, сметам дека ја враќаат назад ДУИ на политичката сцена, бидејќи Албанците немаат друга партија која би можела да ги брани од албанофобот Мицкоски.

Емисијата Вин Вин е во тек, може да ја следите на линкот подолу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоопределување со нова победа на изборите во Косово, но за влада ќе мора да бара коалиционен партнер

Дејан Дејан

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе