Спорт Тенис

Лехечка и Сабаленка шампиони во Бризбејн, САД го освоија Јунајтед Купот

Јиржи Лехечка ја освои својата втора АТП титула во кариерата откако утринава го крена пехарот на турнирот во Бризбејн, Австралија. Чехот победи откако неговиот ривал во финалето Рајли Опелка мораше да се повлече во првиот сет при резултат 4-1 поради повреда на грбот. Американецот очигледно не можеше да го издржи физички овој турнир, бидејќи беше најголемото изненадување откако го победи Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето. За Лехечка ова е втора титула во кариерата и втора освоена во Австралија, бидејќи пред една година славеше во Аделаида.

Арина Сабаленка ја освои титулата на женскиот дел од турнирот во Бризбејн. Првата фаворитка со пресврт ја победи Полина Кудерметова односно со 4-6, 6-3 и 6-2. За Белорусинката ова е вкупно четвртата титула на австралиско тло, каде сега ќе ја брани титулата на Австралија опен и ќе се обиде да стане првата тенисерка по Мартина Хингис, која го кренала трофејот на грен слемот три пати по ред.

Репрезентацијата на САД по втор пат во историјата ја освои титулата во Јунајтед купот во Сиднеј. Во големото финале Американците ги решија сите дилеми против Полска уште по дуелите во сингл-конкуренција. Најпрво Коко Гоф ја победи Ига Швјонтек со 6-4 и 6-4, а во машката пресметка, Тејлор Фриц во три сета го совлада Хуберт Хуркач со 6-4, 5-7 и 7-6.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конте потврди: Кварацхелија сака да си замине

Дејан Дејан

Вардар почна со подготовки, Комити го блокираа тренинг-кампот

Дејан Дејан

Клеман најбрз на слаломот во Аделбоден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе