Денвер го победи Сан Антонио на гостински паркет со 111-122 по едно продолжение во рамки на НБА-лигата. Синоќа Спарс славеа на гостувањето кај Нагетс, но овој пат Никола Јокиќ не дозволи ново изненадување. Српскиот центар имаше 46 поени и 10 скока, а му недостигаше уште една асистенција за трипл-дабл. Виктор Вембањама на спротивната страна имаше 20 поени со 23 скока.
Ентони Едвардс постигна рекордни во кариерата 53 поени, но Минесота загуби на гостувањето кај Детроит со 119-105. Кејд Канингем во редовите на Пистонс имаше 40 поени.
Чикаго го победи Њујорк со 139-126 и покрај фантастичната партија на Карл Ентони Таунс за Никс со 44 поени и 16 скока. Каваи Ленард се врати на паркетот за прв пат сезонава и постигна 12 поени во победата на Лос Анџелес клиперс против Атланта од 131-105.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Голден Стејт – Мемфис 121-113
Милвоки – Портланд 102-105
Мајами – Јута 100-136
Индијана – Феникс 126-108
Бруклин – Филаделфија 94-123