Uncategorized Вести Македонија

Таравари: Огласот за трајното вработување на 1200 медицински лица ќе се пролонгира уште еден месец

„Огласот за трајното вработување на 1 200 медицински сестри, болничари, лаборанти ќе се пролонгира уште еден месец, поради празниците“, вели министерот за здравство Арбен Таравари. Сите процедури во Владата се завршени и добиена е согласнот од Министерството за финансии, а сега останува административните процедури да ги спроведат директорите на установите каде се вработени со договор на дело, изјави Таравари при денешната посета на гостиварската болница. До институциите е доставена и листата со имиња на специјализантите.

„Значи во процедура е, новогодишни празници сега се, јас се надевам дека ќе се реализира во почетокот на јануари бидејќи знаете опфатот 1 200 вработени средно медицински персонал генерално и не можете, само тестирања во Министерство за здравство, сите треба да поминат тестирање, не можеме одеднаш да ги реализираме сите, меѓутоа до крајот на јануари, февруари тука сите ќе бидат вработени. 305 специјализанти веќе се испратени “ изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Но, проблемот со недостиг на медицински персонал останува. Во гостиварската болница иако е планирано вработување на 13 специјализанти, одделот за физијатрија останува само со еден лекар, а ќе се пензионира и единствениот специјалист по судска медицина.

  • „Имаме само една докторка специјалист физијатар и сега барањата од пациентите, таа секој ден е тука, секој ден во амбуланта и тешко се стигнува, затоа минимум ни недостигаат уште еден или двајца специјалисти. Исто така за три месеци ќе останеме и без специјалист по судска медицина, што треба претходно да се размислува кога се прави план и стратегија за здравството и за болниците“ изјави Арџент Муча, директор на ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад“ Гостивар.

Министерството за здравство согласно буџетот со кој располага, ќе треба да го скрои и планот за вработувања во болниците и медицинските установи и за идната година.

Данијела Билбилоска  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе