Вести Македонија

Урбанизмот и инспекциите, најранливи кога станува збор за корупција во Општините

Широки надлежности а ограничени кадровски и финансиски капацитети е рецептот за ризик од корупција во Општините, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во рамките на проектот „Заштита од корупција“ кој беше презентиран денес.

Спроведување на јавни набавки, урбанизмот и доделување на градежни дозволи продажба на градежно земјиште, речиси никаков инспекциски надзор, доделување на Б интегрирани дозволи и приходите се клучните полиња каде има најголем ризик од корупција.

Под лупа на Центарот за граѓански комуникации биле осум општини –  Битола, Куманово, Струмица, Штип, Тетово, Кичево, Чаир и Неготино. Изработени мерки со кои треба да се спречи или намали корупцијата, дел од нив се имплементирани а дел треба допрва да се имплементираат.

Корупцијата е клучниот проблем со кој се соочуваат холандските компании кои работат во Македонија кажа амбасадорката Узлем Џанел а тоа било потврдено од интерна анкета која била спроведена меѓу холандските инвеститори.

Од Центарот за граѓански комуникации реагираат и на предложените измени на Законот  за јавни набавки кои одат по скратена постапка а според кои драстично се намалуваат ингеренциите на Бирото за јавни набавки како и транспарентноста на самиот процес.

На овие законски измени реагираа и од Антикорупциската комисија како и опозициската СДСМ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе