Вести Временска прогноза

Утрото студено со слаба магла, преку ден сончево со локална облачност – Временска прогноза за 17.12.2024

Наутро ќе биде студено, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 3°C, а максималната од 5 до 15°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-10 Попова Шапка, -4 Крушево, -3 Тетово, Маврови Анови, -2 Охрид, Претор, -1 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Дебар, 0 Виница, Берово, 1 Демир Капија, Струмица, Куманово, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Велес, Кавадарци, 5 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

10 Виница, 8 Дебар, 5 Охрид, Прилеп, Крушево, Тополчани, 4 Маврови Анови, Претор, Демир Капија, 3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Струмица, Кавадарци, Берово, 2 Тетово, Битола, Велес, Куманово, Пожаране, Пожар-Радовиш, 1 Скопје-Зајчев Рид, Попова Шапка.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

44 Попова Шапка, 27 Маврови Анови, 5 Крушево.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 7.5, Дојранско Езеро 7.6.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Името на Трамп отстрането од Центарот „Кенеди“ по судска одлука

Tea Dimkovska

Утрово на грчката граница се чекало и до три часа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе