Вести Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 7.12.2024

Променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20л/м²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7°C, а максималната ќе достигне од 5 до 10°C.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-2 Попова Шапка, -1 Лазарополе,  0 Маврови Анови, 1 Крушево,  3 Тетово, Дебар,  4 Берово,  Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, 5 Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Виница,  6 Кавадарци,  Скопје-Петровец, Велес, Штип, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

21 Маврови Анови, 14 Пожаране, 13 Попова Шапка, Битола, 11 Крушево, Тетово, Лазарополе, 10 Претор, 8 Куманово, 6 Штип, Гевгелија, 4 Велес, 3 Скопје – Зајчев Рид, 2 Дебар, Крива Паланка, Охрид, 1 Прилеп, Демир Капија, Виница.

Висина на снежна покривка до 16 часот (во см)

46 Маврови Анови, 44 Попова Шапка, 3 Лазарополе.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 9.0, Дојранско Езеро 8.2.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коцевски изјави дека се преземаат активности за бегалецот Груби

Дејан Дејан

Сите станари од опожарениот дом во Чемерско се стабилни во болницата во Кавадарци – очекуваат да ги земат најблиските

Дејан Дејан

Завршија тендерите за над 200 проекти, општините конкурирале за 288 за средства од првата транша на унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе