Спорт Формула 1

Четврта круна во низа за Ферстапен: Мерцедес со 1-2 победа во Лас Вегас

Макс Ферстапен ја освои четвртата шампионска титула по ред во Формула 1 откако утринава финишираше на 5.место во Лас Вегас, што му беше доволно математички да го елиминира неговиот најголем конкурент Ландо Норис. Џорџ Расел триумфираше на трката пред тимскиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон.

Ферстапен ја осигура својата четврта шампионска титула по ред на две трки до крајот на сезоната. Со денешното 5.место низ улиците на Лас Вегас, возачот на Ред Бул има 63 бодови повеќе од својот најголем ривал за титулата Ландо Норис од Мекларен. Холанѓанецот со оваа титула им се придружи на Алан Прост и уште еден поранешен возач на Ред Бул, Себастијан Фетел со по четири круни. На вечната листа водат Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум титули, додека Хуан Мануел Фанџо има пет.

Џорџ Расел триумфираше на денешната трка, а неговиот тимски колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, кој стартуваше како десетти заврши на 2.место. Трет беше Карлос Сајнц од Ферари, додека четвртото место го освои Шарл Леклер. Зад Ферстапен финишираше Норис, а најдобрите десетмина ги комплетираа Оскар Пиастри, Нико Хулкенберг, Јуки Цунода и Серхио Перез.

Последните две сезонски трки се возат во Катар на 1.декември, додека една недела подоцна е Големата награда на Абу Даби.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хименез го потврди трансферот во Милан преку социјалните мрежи (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус тргнува по Озимен: Влаховиќ си заминува

Дејан Дејан

МЗТ бара нова победа, Работнички на мегдан со „фенерџијата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе