Спорт Тенис

Новак Ѓоковиќ ја завршува 2024 година со најслаб ранкинг во последните седум години

Јаник Синер очекувано ја завршува 2024 година убедливо на првото место на АТП ранг-листата, која денеска излезе за последен пат сезонава. Новак Ѓоковиќ пак доживеа нов пад и го има најслабиот ранкинг уште од 2017 година.

Синер го потврди приматот светски рекет број 1 со синоќешната победа на АТП-финалето во Торино и 2024 година ја завршува со 11.830 бодови. Зад него е Александер Зверев со 7.915 бодови, додека трет е Карлос Алкараз. Тејлор Фриц напредуваше една позиција и моментално го има најдобриот ранкинг во кариерата на 4.место. Данил Медведев е петти, а на шестото место скокна Каспер Руд.

Новак Ѓоковиќ ја завршува сезоната на седмото место со 3.910 бодови и без ниту една АТП титула. Ова е најлошиот ранкинг на Србинот во последните седум години, кога сезоната ја заврши на 12.место. Единствениот триумф на Ѓоковиќ годинава дојде на Олимписките игри во Париз, каде дојде до единствената круна што му недостастуваше во кариерата.

Најдобрите десетмина на последната АТП-листа за 2024 година ја комплетираат Андреј Рубљов, Алекс де Минор и Григор Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Конте потврди: Кварацхелија сака да си замине

Дејан Дејан

Вардар почна со подготовки, Комити го блокираа тренинг-кампот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе