Вести Економија Топ вести

Ако не се постигне договор влада-банки, граѓаните ќе покриваат кредити на профитабилни фирми, предвидува економистот Јовановиќ

Ако банките и Владата не постигнат договор трошоците за кредитите на фирмите ќа паднат на грбот на граѓаните. Стигнаа првите реакции од економистите по вчерашната неуспешна средба. Иако, премиерот Мицкоски рече дека се приближуваат ставовите на двете страни, експертите стравуваат дека договор нема да има и на крајот од буџетот ќе се покриваат трошоците за заемите на компаниите, што според нив е најлошата опција која може да се случи.

Сметаат, дека од самиот старт целиот процес се води погрешно, затоа што власите без да ги консултираат банките и да знаат како ќе ги пласираат овие пари во стопанството се задолжија кај странка Влада и сега парите стојат на сметка и не се користат.

  • -Не го осмисли добро процесот, него тргнаа со глава во ѕид да зема кредити, после ќе гледа како ќе ги троши парите. Сега сето тоа и се враќа како бумеранг. Се чини дека трошоците ќе паднат на товар на буџетот односно дека граѓаните на крајот ќе ја платат цената. Мислам дека тоа е лоша опција, затоа што граѓаните ќе даваат пари за кредити на фирми кои што може би и се сомнителни. Не знаеме какви фирми ќе бидат поддржувани, не знаеме како ќе се спроведува со оглед на тоа што се е поставено наопаку, постојат големи ризици тие кредити да завршат кај фирми кои се блиски до власта, изјави за Телма економски аналитичар, Бранимир Јовановиќ.

За експертите е нејасно зошто државата имаше потреба да се задолжува за да дели кредити на фирмите кога и тука има такви заеми со камати до 3, 5 отсто.  Но, велат веќе е доцна и сега мора сериозно да се размислува што треба да се преземе, а да се заштитат парите од граѓаните.

  • -Една од опциите е да воведе дополнителен данок или данок на екстра профит или да го зголеми данокот на добивка или не знам солидарниот данок или нешто такво и да каже од овие пари ќе ги покриеме трошоците за камати, додава Јовановиќ.

Банките и Владата се договорија околу рокот. Но, како проблем останува покривањето на кредитниот ризик на банките. Премиерот Мицкоски вчера не сакаше да каже колкав е процентот кој тие го барале. Се надева дека  понудата ќе биде што е можно пониска. Свесен е дека имаат трошоци, но смета дека треба да се види каде може да се скрати.

Владата од Унгарија зема кредит од 500 милиони евра, од кои 250 милиони се наменети за кредити во стопанството.

Ирена Чачкова 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе