Од недела ќе настапи продор на постудена воздушна маса од север која носи дополнителен пад кај дневната температура. Ќе се задржи променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 4°C, а максималната од 10 до 16°C.
Агропрогноза:
Овие временски услови со подолго отсуство на врнежи, ќе резултира со намалување на влагата во почвата, која може да влијае негативно кај сите земјоделски култури. Секоја култура во различни фази од својот развој има потреба од вода. Кај овошните видови, овој период почетокот на ноември, е најдобро време за садење на садници. При есенското и зимско садење, потребно е садницата да се загрнува со 30 сm почва за заштита на корењата од мраз. Големо внимание треба да се обрати и на здравствената состојба на посадочниот материјал, особено да не е заразен од карантински болести и штетници. Треба да бидат добро развиени, здрави, квалитетни садници од бараните сорти и подлоги.
Додека пак кај некои доцни сорти на овошни видови како што се дуњите, јапонското јаболко и калинката во овој период од годината, се наоѓат во фаза на берба на плодовите. Овошните култури имаат потреба од вода и по бербата наесен, заради кондиционирање и презимување без оштетувања од ниски температури и заради формирање на родни пупки за идната година. За постигнување на висок и квалитетен принос, низ цела вегетација, почвата треба да има доволно количество на лесно достапна вода. Кај останатите култури да се продолжи со потребните агротехнички мерки, наводнување, снабденост на културите со потребните количества на хранливи материи, со што се зголемува отпорноста спрема зимски мразеви, примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики и добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво и други мерки.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-8 Берово, -5 Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Прилеп, -1 Гевгелија, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Маврови Анови, 1 Претор, 2 Охрид, Виница, Попова Шапка, 5 Крушево.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 12.0, Преспанско Езеро 11.5, Дојранско Езеро 16.2.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/