Барбора Крејчикова по победата против Коко Гоф се пласираше во полуфиналето на ВТА завршниот турнир во Ријад, Саудиска Арабија и воедно ја исфрли ланската шампионка Ига Швјонтек.
Крејчикова денеска во последното коло од портокаловата група мораше да ја победи Коко Гоф за пласман во полуфиналето. Чешката тенисерка славеше во два сета со 7-5 и 6-4 против Американката, која веќе беше сигурна во полуфиналето по двете победи во првите две кола.
Ига Швјонтек оствари убедлива, но пирова победа од 6-1 и 6-0 против Дарија Касатнкина, која ја менуваше повредената Џесика Пегула.
Три тенисерки имаа идентичен ефект од 2 победи и 1 пораз, но конечниот распоред беше направеn според освените и загубените сетови. Па така Крејчикова финишира прва во групата со 5-2, Гоф е втора со 4-2, а Швјонтек со 4-3 испадна од конкуренција.
Во полуфиналето, Крејчикова игра против второпласираната од другата група Женг Чинвен, додека Гоф ќе ги одмери силите со Арина Сабаленка.