Квалификациите за трката за Големата награда на Бразил во Формула 1 од вчера беа презакажани за денеска поради силните врнежи на дожд во Сао Пауло. И денеска условите беа тешки, па дури пет пати имаше црвено знаме поради тешки излетувања и судири. Трката ќе се одржи денеска со почеток од 16 часот и 30 минути.
Ландо Норис ја освои пол-позицијата во очајно тешката квалификациска сесија. Зад возачот на Мекларен ќе стартува Џорџ Расел од Мерцедес, а трето време во квалификациите оствари Јуки Цунода. Меѓу најдобрите десетмина се пласираа Естебан Окон, Лијам Лосон, Шарл Леклер, Алекс Албон, Оскар Пијастри, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Макс Ферстапен оствари 12-то време, но ќе стартува од 17-тата позиција поради казната од пет места. Возачот на Ред Бул можно е да тргне и од повисока позиција со оглед дека пет возачи имаа тешки излетувања за време на квалификациите, па не е јасно дали механичарите навреме ќе можат да ги поправат болидите пред стартот на трката.
Излетувања имаа двајцата возачи на Вилијамс, Франко Колапинто и Алекс Албон, Карлос Сајнц од Ферари и двоецот на Астон Мартин, Алонсо и Строл.