Кошарка Спорт

Прв сезонски пораз на шампионот Бостон, Кливленд славеше против Лејкерс за 5-0 (ВИДЕО)

Бостон го запиша првиот пораз во новата сезона во НБА-лигата откако утринава загуби на гостувањето кај Индијана со 135-132 по едно продолжение. Паскал Сијакам имаше 29 поени и 11 скока за Пејсерс, додека во редовите на Селтикс најефикасен беше Џејсон Тејтум со 37 поени.

Кливленд има скор од 5-0 на стартот на сезоната по триумфот над Лејкерс на домашен паркет со 134-110. Еван Мобли со 25 поени и Донован Мичел со 24 ги предводеа Кавалирс до триумфот. Леброн Џејмс со 26 поени најмногу се истакна во гостинскиот тим.

Оклахома исто како и Кливленд е вториот непоразен тим сезонава и со победата од 105-93 против Сан Антонио има ефект од 4-0. Голден Стејт со 104-89 беше подобар од Њу Орлеанс, а Карл Ентони Таунс со 44 поени го водеше Њујорк до победа од 107-116 во Мајами.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Шарлот – Торонто 138-133
Филаделфија – Детроит 95-105
Вашингтон – Атланта 133-120
Чикаго – Орландо 102-99
Мемфис – Бруклин 106-119
ЛА Клиперс – Портланд 105-106

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе