Вести Економија Најважни

Кризата во Германија удри по домашната индустрија – во погоните нема работа, фабрики најавуваат затворање

Сопственици на фабрики во земјава најавуваат затворање и отпуштање на вработените. Оние, пак, со малку работа немаат кадар. Бизнисот го вклучи алармот поради лошата состојба во Германија која полека ја урива домашната индустрија. Порачките од нашиот најголем трговски партнер се преполовени, во погоните работа нема. Но, ги загрижува тоа што не гледаат значи дека нешто во иднина ќе се подобри. Дали е на прагот нова економска криза не сакаат да веруваат, но велат дека состојбата мора внимателно да се следи.

„Јас гледам што се случува во компаниите. Замислете од една страна имаме недостаток на работна  сила од друга страна компании најавуваат дека сакаат да затвораат да напуштаат работници. За нас ова треба да биде загрижувачко, особено затоа што не се гледа крајот на оваа состојба во Европа“, вели за Телма, Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

И од Светска банка вчера предупредија Германија ја отежнува работата тука, затоа што земјата е во рецесија, а 40 отсто од извозот оди таму. Од прогнозите на банката дека земјава и оваа и следните две годни ќе има најлоша економија, домашните стопанственици воопшто не се изненадени.

„Нашиот раст нема да биде поголем од 2 процента. Мора имаме во предвид дека за развиените економии, 2 процента е задоволително, но за нас е навистина малку“, додава Димитров.

И пред извесно време од советот на странски инвеститори за Телма изјавија дека поради кризата во Германија, работата во странските компании во земјава е намалена, кај некои и над 30 отсто. Во дел од фирмите укинати се смените за време на викенд, а новите вработувања кои ги планирале можно е да ги одложат.

Премиерот Мицкоски кој имаше средба со германските стопански комори, рече дека она што се случува таму, во земјава ќе се рефлектира идната година.

Според статистиката, индустриското производство паѓа извесен период, но и извозот и прометот во индустријата.

Светска банка прогнозира дека земјава ќе ја заврши годинава со раст од скромни 1, 8 проценти. Од друга страна, пак, и премиерот и министерката за финансии Кочоска се со пооптимистички бројки.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

ВРЕДИ се пофали дека ги добива Правда од ЗНАМ и Kултура од ВМРО-ДПМНЕ, а го дава здравство- Димитриевски вели остануваме на две министерства

Дејан Дејан

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе