Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16°C, а максималната од 21 до 26°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
2 Берово, 5 Струмица, 6 Скопје-Петровец, Лазарополе, Крива Паланка, 7 Битола, Тетово, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Велес, Попова Шапка, Штип, 9 Охрид, Претор, Маврови Анови Кавадарци, 10 Дебар, Крушево, Виница, 12 Демир Капија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 16.0, Дојранско Езеро 21.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/