Новинарот Мирче Јовановски истакна дека досегашното искуство дека многуте закони по европски стандарди биле изигрувани. Долга е традицијата на чудни прилагодувања, кои на прв поглед се добри за потрошувачите и производителите, а потоа да не се покаже така. Според него Владата не се едногласни од ефектите на овој закон и во однос на одлуката на есенската кошничка.
Законот е донесен со одложено дејство, веќе има шест месеци од донесување до неговата имплементација, постоело доволно време за едукација, за објаснување и прилагодување, изјави претседателот на СКК, Ангеловски.
Според економскиот новинар горан Теменугов „Тие не знаат што им се случува со овој законот, мислам дека не е доволно длабински разговоран, длабински и е толкуван како закон донесен од претходната влада. Државата има механизми како да поттикнува конкуренција, со тоа да го отвори пазарот и да ги спушти маржите. Производителите и дистрибутерите имаат големи замерки на маркетите. Точно е дека рабатот претставува огромен проблем, но треба да се има одредени попусти кои ќе дадат поголема потрошувачка.“
Додека Ангеловски од ССК додаде дека Законот е една од обврските за приближување на Европската Унија, а не политика на СДСМ или на ВМРО. Ние имавме принципиелна реакција за едно исто прашање две мерки се смета дека е непотребно. Постои закон кој има широк опфат од 2500 производи, и овде има замрзнување на маржи само на 100 производи. Доколку се оди со две паралелни мерки може да се дојде до конфузија.
Со законот за нефер трговски практики коморите не се таргет, крајниот корисник е оној кој треба да го добие крајниот бенефит, затоа што кога се намалува конкуренција со додадени трошоци кој некој може да ги плати, а некој не мора, му ги кратите правата на секој потрошувач да има права на избор.
Последните информации според претседателот на ССК велат дека луѓето кои се поставени на функции се тука да се погрижат да го спроведат законот. Овој закон е првиот чекор во реформирање на македонската економија, а следниот чекор би требало да е усогласување на царинските стапки со ЕУ, таму имаме една многу несредена ситуација.
Политичкиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека законот за добри трговски практики лесно е да донесе на хартија законот, но ако не се спроведува џабе е се.
„Meне најмногу ме загрижува повторуваме исти грешки три години, каде минатата влада ги ограничуваше маржите не даваше позитивни резултати, тоа не функционираше, бидејќи немаше намалување на цените. Сега наместо новата влада да го прави спротивното од претходната, таа го прави истото. Од овој закон нема да има никакви ефекти, евентуално минимални, затоа што тешко се спроведува во пракса. Постојат милион начини да се изигра овој закон. Мене не ми е јасно зошто Владата упорно инсистрира на овие мерки кои не даваат резултат. Граѓаните имаа огромни очекувања, а тие не успеаја на донесат ништо.Тие гледаат дека ова е единствено нешто што може да го испорачаат нешто на брзина, а не сакаат да зголемат плати на работници. Мерки за намалување на цени се применува на инфлација од 15 отсто, а ние имаме само 2 посто инфлација.“
