Вести Економија Топ вести

ЕСМ и МЕПСО со најголеми загуби, енергетските компании со минус од околу 30 милиони евра

Енергетскиот сектор со најголеми загуби. Со минус од 27 милиони евра во вториот квартал годинава, ЕСМ се најде на врвот на  листата  на Министерството за финансии. Од почетокот на годинава државните електрани  никако да излезат од финансиската дупка.

Компанијата подолго време се соочува со проблеми во работењето. Освен набавките на струја по високи цени кои достигнуваат и до 150 евра за мегават час,  кредитите кои треба да се враќаат,  дополнителен проблем за компанијата е и трошокот од 6 милиони евра, пари кои треба да ги плати поради изгубен судски спорт на арбитража.

За состојбата во ЕСМ премиерот Мицкоски ги обвини неговите претходници. Но, е убеден дека планот кои го скроиле многу бргу ќе ја извлече компанијата од лошата состојба.

За жал оставена е компанијата со повеќе од 80 милиони евра долг, правиме програма за санација и многу скоро ќе излеземе од  долговите. Тоа треба нив да ги прашате фактите се немилосрдни. На 8 август 2017 имавме милијарда  денари депозити во банките,  360 милиони денари на сметка на компанијата и нула долгови, тоа е фактот. Денеска ова раководство кога замина имаме 5 милијарди денари долг и тоа се фактите, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

И преносниот систем МЕПСО чиј двор и внатрешни простории ќе се разубават со украсни растенија за кои за една година ќе се потрошат 18 илјади евра, во вториот квартал годинава прокнижи минус од речиси 2 милиони евра и го освои второто место на листата, веднаш зад ЕСМ.

Во однос на првиот квартал,  минусот во МЕПСО е зголемен за околу 1, 8 милиони евра.

На листата со загуби на министерството за финансии се и двете железнички претпријатија. МЖ Транспорт со загуба од речиси 2 милиони евра, тука е инфраструктура, АД Пошта со минус  од речиси 900 илјади евра, АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Оваа листа министерството за финансии ја објавува квартално во текот на целата година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе