Наместо замрзнување на цени, се ограничуваат бруто профитните маржи на големо и мало. Ова е договорот од средбата помеѓу министерот за економија Дурмиши, трговците и производителите кои изминатиов период реагираа на најавите за мерките за намалување на цените. Со мерката ограничена маржа до 10 отсто ќе бидат опфатени 100 тина производи – млеко, млечни производи, месо, шеќер, брашно, зејтин, зеленчук, видови овошје. Сличен предлог планот е да има и за време на празници.
-Коморите не беа добро известени мислеа дека мерката ќе биде долгорочна мерката е само за празници на пример еден месец и ќе има ваква кошница велигденска, рамазанска, божиќна, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Предлогот е веќе доставен до Владата. Премиерот Мицкоски тврди дека поради технички причини не се разгледал на вчерашната седница и дека за мерката ќе се дискутира идниот вторник кога се очекува да биде и донесена.
Од опозициската СДСМ пак реагираат дека мерката нема да даде никакви резултати, а владата нема ниту желба ниту концепт да ги намали цените.
Ако Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конкретен предлог закон со кој проверено ќе заштедат сите граѓани и ќе се амортизира ценовниот шок, додека компаниите нема да сносат штети, се вели во соопштението од СДСМ.
Нема да има одлагање ниту на Законот за нефер трговски практики. На крајот на месецов ќе почне неговата примена. Со него ќе се ограничи рабатот на 10 отсто и се очекува да се стави крај на проблемите со цените.
Изминатиов период граѓаните се соочуваат со нов сериозен бран на поскапување. Според, последните податоци за еден месец најголем раст е забележан кај зеленчукот, од 10 отсто.
Ирена Чачкова