Неизвесно е кога ќе се донесат мерките со кои треба да се намали притисокот од високите цени. Иако, една недела од Владата најавуваа дека утрешната седница ќе ја предложат есенската кошница во која треба да се најдат околу 100 производи чии цени треба или да се замрзнат или да им се ограничат маржите, денеска премиерот Мицкоски соопшти дека прво ќе се разговара со сите засегнати страни, па потоа ќе се носи одлука.
Јас денеска разговарав со министерот за економија Дурмиши. Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден на владина седница ќе биде предлогот може би една недела потоа, ако е потребно додека се усогласат ставовите, вели премиерот Христијан Мицкоски
Министерот за економија Дурмиши пак минатата недела првично најави дека во петок ќе се знае со каква мерка ќе се делува на цените и што се ќе содржи кошницата, но потоа рече дека тоа ќе биде во понеделник, а во вторник на владина седница ќе се разговара за кошницата.
Неизвесно е и што ќе се случува со Законот за нефер трговски практики кој треба да стапи на сила за 10 дека и се очекува да стави крај на проблемите со цените. Oд бизнисот се со различен став за законот. Од Северозападната комора и од ССК сметаат дека треба да почне примената, но од Стопанската комора до Мицкоски испратија две писма- со едното бараа одлагање и измени, а со второто ги повлекоа барањата.
Побарав став од Стопанската комора да ни кажат што да направиме. Дали да останеме или да го одложиме законот, додава Мицкоски
И додека се најде конечно решение како ќе се делува на скапотијата, граѓаните во анкетите постојано се жалат дека опна што се случува со цените е сериозно, пари немаат и се принудени да се откажат од одредени работи.
Според, статистика пак најголемо поскапување од 10 отсто е забележано кај зеленчукот.
Ирена Чачкова
