Поранешниот фудбалер на Лидс, Кардиф и неколку други екипи од Островото, Сол Бамба почина синоќа во Турција и тоа на 39-годишна возраст.
Бамба беше технички директор на турскиот клуб Аданаспор, кој синоќа ја потврди веста за смртта на поранешниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска.
На Бамба му се слошило во петокот пред мечот со Маниса и веднаш бил пренесен во болница, каде починал во текот на вчерашниот ден, велат од Адана.
Кариерата како фудбалер ја започна во ПСЖ, а играше и за Данфермајн, Хиберниан, Лестер, Трабзонспор, Палермо, Лидс, Кардиф и Мидлсборо.