Спорт Фудбал

По дебаклот од Воска нова тренерска смена во Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар по само четири одиграни кола сезонава во Првата македонска лига ќе го бара својот трет тренер. По заминувањето на Горазд Михаилов, утринава оставка си поднесе и неговиот наследник Горан Петревски.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб е во голема резултатска криза на стартот на новата сезона и го дели последното место на табелата со Брера со по три освоени бодови од четири натпревари.

Ако заминувањето на Горазд Михаилов беше големо изненадување по победата над Пелистер во 2.коло, оставката на неговиот наследник Горан Петревски не е изненадување, бидејќи Вардар под негово водство загуби со 3-0 од Шкупи и вчера со 1-3 од Воска на арената „Тодор Проески“.

„Јас и мојот стручен штаб ја преземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, изјави Петревски. 

Вардар сега е во потрага по третиот тренер сезонава. Ако изминатите неколку сезони клубот мака мачеше со резултатите поради недостиг од финансиски средства, оваа сезона буџетот е неколку кратно зголемен, но резултатите се исти. Очигледно потребна е сериозна промена во вардаровите редови, но можеби не само во росторерот и стручниот штаб.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Работнички со пресврт до победа против Пелистер

Дејан Дејан

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе