Навивачите на Вардар и на денешниот натпревар против Воска Спорт на играчите им дадоа максимална поддршка од трибините, направија одлична атмосфера, но фудбалерите за жал не возвратија со својата игра.
Попладнево на арената Тодор Проески, Вардар забележа уште еден втор во низа, а вкупно трет во првите четири кола од шампионатот.
Комитите во завршницата од натпреварот испратија јасна порака до раководството на клубот да си поднесе оставка.
Инаку во текот на натпреварот на западната трибини беше истакнат транспарент на кој му беше изразена благодарност на претходниот шеф на стручниот штаб Горазд Михаилов, кој по победата над Пелистер минатиот викенд се повлече од функцијата.
По завршувањето на натпреварот фудбалерите не се упатија кон западната трибини што предизвика револт кај најверните навивачи и по нивната реакција играчите излегоа од соблекувалната и дојдоа кај Комитите.
ФОТО: Игор Паневски