Вести Економија Македонија Топ вести

Горивата поевтинуваат за два денара

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12  отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а  Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува и останува 46,295 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,611 отсто, кај дизелот за 3,788, кај екстра лесното масло за 4,448 и кај мазутот за 1,779 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,807 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе