Вести Економија Топ вести

Многу пари, малку пруга, а Коридорот е од Бугарија до Албанија- Мицкоски најавува пренамена на пари, Муртезани вели нема такво барање

Иако, изминативе денови премиерот Мицкоски постојано зборува за пренамена на парите од Коридор 8, неговиот колега министерот за европски прашања Муртезани вели дека до Владата не е пристигнато такво барање. Сепак, од она што го објасни Муртезани може да се види дека пренамената на парите не е едноставен процес.

-Кога ќе го добиеме барањето ќе видиме прво за што би значело тоа за проектот. Во првата секција веќе не може да се интервенира и да се стопираат работите ако е начелото да не инвестираме во проект кој ќе заврши во тунел тогаш значи дека проектот ќе заврши на првата секција каде што не може да се користи и второ треба да имаме предвид дека станува збор за коридор од Албанија до Бугарија. Колку што имам јас информации од албанска страна веќе се гради така што ќе треба да го видиме малку по широко на ниво на коридор, вели министер за европски прашања, Орхан Муртезани

За третата фаза од железничкиот Коридор 8, односно од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра.

Дел од средствата, 350 милион евра се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра. А од ИПА 2 програмата 60, 7 милиони евра.

Според, познавачите пренамена е практично невозможно од неколку причини. Прво пругата е дел од Примарната карта на европските транспортни коридори на Европската Унија. Коментираат и дека тоа било клучно да се добие и заемот.

За 150 милиони од Европската рамка за Западен Балкан преку официјален Берлин веќе стигна опомена дека  изградбата на коридорот 8  мора да се заврши.

А според познавачите, ако пак има било какви поместувања во овие суми за секогаш ќе пропаднат окол 61 милион евра од ИПА 2 програмата.

Откажувањето од овој проект ќе значи неизвесност и за можна изградба и потенцијално финансирање од европски пари и на пругата кон Албанија. Дополнително отежнувачка околност за Владата е и тоа што коридорот 8 е дел од таканаречениот НАТО Коридор за мобилност.

Првиот меѓународен документ потпишан од оваа Влада беше токму писмото за намери што на Самитот на НАТО во Вашингтон, министерот Владо Мисајловски го потпиша со неговите колеги од Италија, Албанија и Бугарија

Премиерот Мицкоски изјави дека нема намера 550 милиони евра да троши  на пруга која завршува во слепа улица.

-На памет не ми паѓа како премиер да потрошам 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица, а половина тунел без предвидлива иднина. Ги замолувам тие пари да ги потрошиме во модернизација на пругата во Коридор 10 за да може возовите наместо 30 на саат да возат 100 на саат, изјави во Топ Тема, премиерот Христијан Мицкоски 

Но, за реконструкцијата  на Коридор 10 односно на пругата од Табановце до Гевгелија во планот за раст прифатен од Брисел како предлог има и финансиска рамка за реконструцкција  на мостовите на пругата од Коридор 10 од 28, 7 милиони од ИПА три програмата и 200 милиони евра за реконструкција на самата пруга од инвестицсиката рмака за Западен Балкан и ЕБОР.

Па, од тука се отвара прашањето за што точно ќе се искористат парите ако дојде до евентуална пренамена на средствата наменети за пругата кон Бугарија.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе