Вести Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на европската Универзијада во Унгарија

Македонската универзитетска карате-репрезентација ќе се натпреварува на претстојната европска Универзијада во Унгарија, а дел од нејзиниот состав се и неколку спортисти од „Макпетрол“. Членовите на скопската екипа успешно ги завршија подготовките и заминуваат на големиот собир којшто од 14 до 19 јули ќе се одржи во унгарските градови Мишколц и Дебрецен.
На европската Универзијада ќе учествуваат преку 5.000 студенти од 400 универзитети од 40 европски држави. Тие ќе се натпреваруваат во 18 различни спортови.
„На летната Европска Универзијада заминуваме подготвени како и секоја година. Сакам да истакнам дека македонските карате-спортисти имаат голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзијади и светските универзитетски првенства. Очекуваме добро претставување на македонскиот карате тим во Унгарија. Натпреварите во боречките спортови и во карате ќе се одржат во градот Мишколц во периодот од 16 до 18 јули“, истакна Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате репрезентација.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе